Многу од корисниците не се заинтересирани да ги плаќаат мобилните апликации, меѓутоа Гугл размислува на едноставно решение: нудење пакет апликации со претплатата. „XDA“ тимот и „Kieron Quinn“ ги открија референците за кодот и „Google Opinion Rewards“ анкетата која сугерира дека компаниијата подготвува „Play Pass“ претплатнички сервис за апликациите.

Според наодите од анкетата, „Play Pass“ би можело да понуди апликации и игри во вредност од стотина долари, со месечна доплата која не е конкретно утврдена во овој момент. Нема информации ни дали и кога „Play Pass“ би заживеал.

Ова не е прв претплатнички сервис за Андроид апликациите, но би можело да биде најверојатен. Истражувањата покажуваат дека „Google Play“ не носи заработка по превземањето на апликациите како што е во случајот со „Apple App Store“.

Остануваат да се решат уште неколку важни прашања, како што е начинот на кој Гугл ќе бира кои апликации ќе се најдат во претплатничкиот пакет, дали ова би можело да фаворизира некои апликации и слично. Компанијата ќе мора да регулира неколку ставки пред „Play Pass“ да и биде понуден на јавноста.