Кој вели дека политичарите не знаат да се забавуваат? Па уште кога се во комбинација со спортисти забавата е неизбежна. Во познат скопски локал бизнисменот Трифун Костовски во друштво на поранешните фудбалери на Пелистер Митко Стојковски и Тони Мицевски ја пее “Ако одам во Битола”, а на чело на орото е градоначалничката на Битола Наташа Петреска заедно со директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски. Забавата била по  повод успесите на ФК и РК Пелистер.