Ден откако Меган Маркл на свет донесе син, иако со недели наназад се зборуваше дека носи ќерка, британската јавност на големо шпекулира како ќе се вика наследникот на принцот Хари и принцезата Маркл.
Од нив се очекува да ги почитуваат правилата на британското кралско семејство, со што веројатно дека ќе одберат име за синот кој го носел некои од неговите предци.
Поголемиот дел од британската јавност мисли дека ќе биде некое од трите имиња: Артур, Алберт или Филип. Меѓутоа, може да се случат и изненадувања.
„Кралицата со године е се попустлива, голем дел од нејзините правнуци не се викаа како некогашните кралеви и кралици“, истакна неодамна историчарката Каролина Харис.
Дали Меган и Хари ќе се одлучат за некое од горенаведените имиња ќе се знае за неколку денови, како што изјави Хари во обраќањето до јавноста по доаѓањето на бебето на свет.
Comments are closed for this post.