Египет објави дека нивни археолози откриле 4.500 години стара гробница веднаш до пирамидите во Гиза, во близината на Каиро, Египет. Откриени се и добро сочувани статуи изработени од варовник и дрвени ковчези кои датираат од старо кралство од 2.500 година пред новата ера.

„Двете лажни врати што ги пронајдовме внатре се направени од квалитетен материјал. Се верува дека тука се погребани двајца мажи, еден свештеник и едно високо официјално лице – вели Мустафа Вазири, генералниот секретар од Врховниот совет за антиквитети на Египет.

Во гробницата се наоѓаат статуи и дрвени маски. Натписот покажува дека тука е погребан Бенуи-ка, кој служел како свештеник и судија. Тој бил во служба на неколку фараони. Другиот маж се вика Нви и бил поглавар на цела една област.