Возачот кој го возеше автомобилот што налета на фолк ѕвездата, Шабан Шаулиќ, бил под дејство на дрога. Во следните неколку недели треба да почне судењето, а Алсин Левент ќе го чека од слобода.

Германскиот суд го ослободи Турчинот и тој има обврска да се пријавува во полиција и да доаѓа на судењата.

Левент пред два месеци во близина на Дортмунд налета на возилото во кое беа пејачот и неговиот музичар и ги усмрти на лице место.