Злато, три телефони и подигнат заден дел на покривот. Tоа се само некои од желбите на американскиот претседател Трамп за неговата супер луксузна лимузина. Многу години пред да стане Претседател, Трамп си креирал луксузни предмети по свој вкус.
Еден таков е неговиот Кадилак од 1988 година, од која Трамп направи супер луксузно возило. Биле произведени само два од планираните 50 примероци. На лимузината “Cadillac Brougham“ се е сменето освен моторот.
Останатото се златните детали во внатрешноста и на надворешните кваки и прозорци, ознака со неговото име и клучеви. Задниот дел од покривот е повисок , а причината е банална.
За да не му се растури фризурата на тогашниот и сегашен милијардер. Внатре има и три телефони , музичка линија Блаупункт, телевизор и видео рекордер , како и голем простор за подготвување на алкохолни пијалоци.
Внатрешноста освен со златни детали , е обработена со кожа и дрво од ружа , а подниците се волнени.
Автомобилот може да се види во музејот на автомовили во Илиноис.
Comments are closed for this post.