Американскиот претседател Доналд Трамп се најде во непријатна ситуација за време на средбата сио чешкиот премиер Андреј Бабиш и неговата сопруга Моника, јавува радиото „Дарик“.

Трамп заедно со сопругата Меланија го пречекаа семејството Бабиш на влезот на Белата куќа. Првите дами застанаа за заедничка фотографија, но двајцата политичари веднаш влегоа во резиденцијата.

На видеото снимено од новинари на „Њусвик“ се гледа дека Меланија и Моника ги креваат рамениците во недоумица и тргнуваат по своите сопрузи.

Андреј Бабиш е првиот чешки премиер од 2011 година, кој е поканет во Белата куќа. Неговата посета ќе трае три дена.