Секогаш е добро кога доаѓам во Скопје, ова е мојот втор дом“, истакна балканската ѕвезда Теа Таировиќ, на прес-конференција со која го најави својот голем концерт на 15 ноември.

Таировиќ откри дека за неа, настапот во Скопје и средбата со македонската публика е голема одговорност и поради тоа изминатиов период, освен на музичката, големо внимание посветува на кондициската подготвка. Дотолку повеќе, што за овој концерт, Теа и нејзината екипа подготвуваат одредени новитети и попредизвикувачки настап на сцената.

Македонската публика е стравствена, жестока во своите емоции, иста како мене. Едни на други заедно си даваме енергија и затоа сум убедена дека концертт ќе биде одличен“, изјави Таировиќ.

Теа вели дека редовен дел од секој нејзин настап е песната „Македонско девојче“, па така ќе биде и овојпат, но за настапот во Скопје, планира и некое друго македонско изненадување.

Концертот на Теа Таировиќ ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, а организаторите порачаа дека билетите се веќе пред распродавање.