Дека децата се најискрените суштества и не знаат да лажат доказ е ова дете од Хрватска. Тој на лист хартија, напишал што прават неговите родители по цел ден дома поради карантинот од корона вирусот. Детете на далматински дијалект ја опишал атмосферата кој владее дома.

Мама доцна стана. Пие кафе за ручек а ручек нема. Короната ја поремети-ја опишува мајка си .

Детето немаше пофални зборови ниту за таткото.

 –Тато сега гледа телевизија и лежи како труп. Гледа на телевизија некои Англичани како прават огромна фенси куќа. Обичо заспива попладне кога гледа телевизија-вели синот за татка си.