Џејми Спирс (66) од 2007 година, кога Бритни Спирс (37) доживеа нервен слом и заврши во болница, има законско старателство над неа.

Меѓутоа, тоа не му е доволно, па сега, како што пишуваат светските медиуми, поднел барање неговото законско старателство да се овозможи во 9 нови држави во кој до сега судската пресуда не важела.

Судејќи по ова, се чини дека од намерите кои ги има Бритни, самостојно да го води сопствениот живот, нема ништо.

Џејми старателство барал во Алабама, Аризона, Колумбија, Џорџија, Масечусетс, Мичиген, Мисисипи, Тенеси и Вирџинија.

Во мај 2019 година Џејми прво на старателство над пејачката побара од Хаваи, во Луизијана и на Флорида.

На фановите на славната Бритни не им се јасни постапките на нејзиниот татко, а гласините кои кружат не наговестуваат убави вести.

Имено, Џејми по секоја цена има намера да ја држи Бритни под контрола, како би имал увид во нејзината финансиска состојба и трошоците.

Со години го уништува здравјето на Бритни и ја приморува да работи, а сите пари ги зема за себе. Таа живее од џепарацот додека тој плива во милиони. Би ја продал заради пари, се само некои од коментарите на нејзините фанови на оваа тема.

Иначе, Бритни неодмна изјави како нејзиниот татко ја приморувал да се дрогира.