Овогодинешната македонска претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска, најави дека ќе пее на парадата на гордоста која следната сабота ќе се одржи во Скопје. Таа на твитер објави дека е горда што ќе пее на овој настан.


Парадата ќе почне во „Жена борец”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и други говорници.

За забавата, покрај Тамара, ќе се погрижат и други естрадни уметници и неколку диџеи.