Министeрката за култура, Ирена Стефоска денеска го посети Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Имавме работна средба со в. д. директорот на Центарот, како и со в.д. директорите на Тетовскиот театар и на Библиотеката „Кочо Рацин“, Блерим Исмани и Њомза Имери. Разговаравме за состојбите во културата во овој град и соработката на национално и локално ниво. Продолжува изградбата на театар и библиотека во Тетово и за таа намена од Годишната програма за инвестиции во областа на културата за 2021 одобрени се 89,5 милиони денари, напиша на фејсбук Стефоска.

Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, имавме работна средба со в. д….

Posted by Irena Stefoska on Monday, January 25, 2021