„Стефан на прошетка со Ками во Египет“ “од Александра Велинова е илустрирана книга за деца во издание на ИК„Едука Мак“, која има цел запознавање со места во светот преку детската перцепција, со тенденција да се долови една поразлична култура позната во светот, но не и на сите деца.
Па така, Стефан главниот лик се пушта во незаборавна авантура со камилата Ками која му е домаќинка и го запознава со убавините на Египет: Долината на кралевите (Луксор), пирамидите, крстарење по Нил, аквариумот, подводниот свет на Црвено море, Бедуинското село, песочниот град итн.
Илустратор на оваа книга е Никола Темков, а истата е поддржана од Министерство за култура.
Целта е да им се овозможи и на оние деца кои немале можност да го запознаат Египет да имаат чувство како да биле, раскажано на хумористечен и едукативен начин. Но, да се поттикнат и родителите што повеќе да разговараат со своите деца на патувањата, а не кога ќе се вратат од патување да не знаат ни каде биле и ни зошто. Патувањата ги зближуваат семејствата, осознаваме нови работи, затоа треба да се искористат да се научи нешто од нив. Од оваа книга ќе научат и децата и возрасните дека среќата е во нас самите. Во Египет живее толку материјално сиромашен народ, а во ниту еден момент не исчезнува насмевката од нивните лица, среќни се. Немаат посебни очекувања, знаат да се радуваат. Ниеден уметник не може да остане рамнодушен на оваа земја- вели Велинова.
Стефан на прошетка со Ками во Египет“ ќе биде промовирана во НУБ „Гоце Делчев“ во Штип во петок во 11.30.
Оваа книга е дел од едицијата патувања и следува по „Стефан во магичниот град“ која беше објавена пред година и пол.
Comments are closed for this post.