Во Србија се случува голем скандал откако тамошната мисица Валентина Петровиќ е фотографирана со прекрстени раце како „лета орли“. Симболот на Голема Албанија таа го покажува заедно со колешките од Косово, Албанија и Црна Гора.

Носителката на лиценцата Весна Винча одма наредила девојката да се врати дома, а мицисата се правдала дека немала никаква лоша намера туку дека спонтано застанала до другите мисици додека биле наместени со рацете и оти во тој момент немала појма што покажува.