Претседателот на Парламентот на Нов Зеланд, Тревор Малард, денеска имаше специјална задача – мораше да се грижи за бебето на еден член на Лабуристичката партија кој дебатираше за цената на горивата. Водејќи ја дебатата Малард мораше да го нахрани шестмесечното бебе – млеко од шишенце.

„Ова се моменти кога јас можам да кажам дека сум корисен“, изјави тој.

Можеби, пишуваат медиумите, спикерот на Парламентот ќе го прави ова почесто, затоа што земјата усвои закон со кој се комбинира работата во законодавниот дом со грижа за децата.