Денес се навршуваат точно пет години откако Михаел Шумахер, шампионот во Ф1 и тогаш најголемиот жив возач во формула 1, настрада на скијање. Тешка повреда која не само што го одвои од трките, туку го однесе во болнички кревет во кома, со трајни последици на мозокот од повредите на главата.

По несреќата, тој беше ставен во состојба на индуцирана кома 6 месеци. Деновиве, пак, стигнуваат оптимистички информации дека здравјето на Шуми се подобрува, полека но сигурно.

За германски Фокус интервју даде Стефан Бозон, спасителот кој прв дојде на местото на несреќата. Бозон тој ден бил дежурен со екипата на Горската служба во Савојен, во францускиот ризорт Мерибел, а за Фокус за прв ги кажува првите секунди откако дошол на местото каде Шумахер удрил со главата во камен.

Тој вели дека местото на несреќата било на неколку метри од скијачката патека и тоа било дополнителна потешкотија да се спроведе брза, ефикасна и безбедна евакуација на повредениот Шумахер, кој морал веднаш да биде транспортиран.

-Беше јасно дека тој е во многу сериозна состојба, инаку немаше да побараме хеликоптер“, вели Бозон.

На хеликоптерот му биле потребни само неколку минути за од базата во Куршевел да стигне до Мерибел.

„Се сеќавам дека лекарите од брзата помош имаа проблем да дадат прва помош, затоа што несреќата се случи надвор од скијачката патека. Тоа беше уште една причина зошто решија најпрвин да летаат до Моитерс, каде го стабилизираа“, додава тој.

Стефан Бозон, спасителот кој прв дошол на местото на несреќата

Бозон обелоденува дека несреќата се случила надвор од пистата, не многу далеку, но сепак надвор.

„Имаше на местото многу сопасители. Јас, како и други на тоа место дојдов и наредниот ден, го сликав, зборував со експерти. Го видов каменот во кој Шумахер закачил со скиите, а потоа и тој во кој удрил со главата. Она што е важно, е што последните денови пред несреќата таму не врнеше снег, па камењата беа покриени само со тенок слој снег, доволно да не се гледаат. Доколку имаше малку повеќе снег, тогаш Шумахер веројатно ќе го преминел каменот со скиите. Шумахер беше надвор од подготвената скијачка патека, на неколку метри. Но, и покрај се, немаше грешка кај тие што се одговорни за патеката. Зашто ако одиш надвор од скијачката патека, тоа го правиш на сопствен ризик“, наведува Бозон.

На прашањето дали го посетил семејството на Шумахер, Бозон со жалење одговара дека до сега не добил никаква информација за опоравувањето на Михаел.

-Не, не знам како се опоравува. Но често размислувам за нресеќата. На пример кога ќе видам скијачка патека на која на крајот има камења. Тоа е причината зошто сакам да слушнам добри вести за Михаел Шумахер“, истакнува Бозон.