Против Слободан Боба Живојиновиќ, сопругот на пејачката Лепа Брена, е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека два пати го продал својот пловен објект „Першинг 54“, произведен во 1999 година.
Извештајот до Третото основно јавно обвинителство во Белград го доставила деловната компанија „Харвинтер доо Београд“, со седиште во Белград, дознава “Република.рс.
Измамата станала позната кога лицата кои ја купиле јахтата од Боба се нашле лице в лице.
– Луѓето седеле на јахтата, кога дошле другите и им рекле дека мора да ја напуштат јахтата, бидејќи пловилото им припаѓа. Со себе носеле хартии, по што оние кои претходно останале на јахтата станале и си заминале. Подоцна пристигнала и полиција, а повикани се да дадат изјави и надлежните од Марина Портоново.
Извор „Република.рс
Comments are closed for this post.