Гитаристот на групата „Токио хотел“, Том Каулиц, на својата сопруга Хајди Клум и донесе необичен, специјален подарок и тоа еден месец по нивната втора свадбена церемонија-дел од Берлинскиот ѕид.
На Инстаграм, 46-годишната германска манекенка сподели видео на кое се гледа како подарокот е симнат од камион.
Денеска ми пристигна специјален подарок од сопругот-дел од Берлинскиот ѕид, кој 28 години го раздвојуваше Источен од Западен Берлин. Сопругот ми е роден во Источен Берлин четири недели пред паѓањето на ѕидот во 1989 година. Тој го почувствува слободата, радоста, надежта. Секое утро ќе го гледам тој убав дел од ѕидот во мојата градина со разбирање дека не треба да се подигаат ѕидови, туку да се уриваат, напиша Хајди Клум.
Берлинскиот ѕид беше подигнат во 1961 година од комунистичката власт во Источна Германија.
Comments are closed for this post.