Во 5-тото коло Лото7, одржано вчера падна првата седумка од играта Лото 7. Извлечените броевите се 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 , а седумката носи 29.293 милиони денари.

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото“, соопштија од Државна лотарија.

Среќниот добитник уште е анонимен. Тој или таа уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6-ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.