На денешен ден, пред 20 години, двајца студенти го регистрирале Гугл како приватна компанија, а пред 10 години стартуван е пребарувачот „Google chrome“.

Како што наведува британски Метро, 4 септември 1998. година, двајца студенти Лари Пејџ и Сергеј Брин во гаража одлучиле нивната животна мисија да биде организирање на сите информации од светот како би можело сите да ги користат. Така е „роден“ Гугл.

Од тогаш, Гугл станува место на кое луѓето од цел свет би можеле да ги пронајдат одговорите како за едноставни, така и за тешки прашања.

Во меѓувреме, Гугл прерасна во империја, која на корисниците им помага не само да пристапат до корисни информации, туку нуди и насоки преку „Google Maps“, кој помага луѓето меѓусебно да се поврзат преку г-маил или да ги научи да врзат вратоврска со помош на видео-снимки на „YouTube“.

Гугл на корисниците им овозможува да комуницираат на повеќе од 100 јазици преку „Google Translate“, како и да откријат места кои никогаш не би можеле да ги видат без „Google Earth“.