„Раптли“ објави видео снимено во саботата над градот Припјат. Кадрите покажуваат напуштени згради, куќи и паркови, како и реакторот, што експлодираше во централата Чернобил во 1986 година.

Хаваријата во Чернобил се смета за најтешка во историјата на атомската енергија, заедно со хаваријата на централата Фукушима 1 од 2011 година.

Несреќата во Чернобил предизвика облак од радиоактивни отпадоци, што мина над делови од тогашниот СССР, Источна ЕЊвропа и Скандинавија. Огромни реони во денешна Украина, Белорусија и Русија се загадени, а околу 200.000 лица се евакуирани од нивните родни места. Речиси 60% од радиоактивните отпадоци паѓаа на територијата на Белорусија.