Најмалку 17 лица се повредени откако на традиционална прослава во Шри Ланка, два слонови подивеле и започнале да трчаат нз толпата.

Еден од слоновите, наводно, го исфрлил својот водач од грбот и почнал да трча кон масата народ, пренесува БиБиСи.

Се се случило за време на будистичката поворка низ градот Коте, кога одеднаш подивеле и почнале да трчаат. Сè уште не е утврдено што точно ги вознемирило животните и зошто одеднаш почнале така да се однесуваат.