Скулптурата “Зајак” на американскиот уметник Џеф Кунс беше продадена од страна на аукциската куќа Кристи во Њујорк за 91,1 милион долари, што е рекордна цена за дело на жив уметник, објавија светските агенции.

Зајакот на Кунс бил проценет пред наддавањето во аукциската куќа Christie’s на 50 до 70 милиони долари

Скулптурата од нерѓосувачки челик, претставувајќи приказ на надуван зајак висок 104 см, е создадена во 1986 година и се смета за една од најпознатите дела на уметникот.

Според весникот The New York Times и агенцијата Bloomberg, делото го купил трговецот со уметнички дела Роберт Боб Мнучин, татко на актуелниот американски министер за финансии Стивен Мнучин.


Претходниот рекорд за најскапа аукција на продадено дело од жив уметник му припадна на Британецот Дејвид Хокни за неговото сликарско дело од 1972 година, “Портрет на уметникот (базен со две фигури), продадено за 90,2 милиони долари.