Скопската зоолошка градина на пролет ќе биде збогатена со детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

Паркот, како што соопштија од Зоолошката градина, ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик: лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини.

– Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик- лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. „Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов одлучивме бесплатно да го отстапиме на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години. Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот, изјави директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски, се наведува во соопштението.