Американската филмска ѕвезда Скарлет Јохансон и оваа година останува најскапо платена актерка во светот, објави „Форбс“.

Меѓутоа, неденаквоста во плаќањето на актерите и актерките и натаму останува во полза на мажите, па наспроти заработените 56 милиони долари (од јуни 2018 до јуни 2019 година) Јохансон е дури на осмото место меѓу најдобро платените актери во целина.

Годинава, 34-годишната актерка заработила 15,5 милиони долари повеќе отколку во 2018.

Според рангирањето на „Форбс“, меѓу мажите најскапо платен актер годинава е Двејн Џонсон со 89,4 милиони долари.