Иако народот во Венецуела живее мизерно и на секаков начин се снаоѓа за основните потреби, членовите на претседателското семејство живеат во луксуз. Во тоа се особено познати синовите на Николас и Силија, Ефриан и Гера. Тие не се во крвно сродство бидејќи се од првите бракови на Николас и Силија.

Ерифан ја збесна јавноста откако беше забележан како излегува од ресторан во Монако и влегува во позлатено Ферари кое чини 300.000 долари.

Ништо подобар не е ни синот на Николас, Ернесто Гера.Тој има само 28 години. Најпрво сакал да стане музичар, но откако не биднало ништо со музичката кариера таткото го поставил на неколку раководни функции.