Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ реши да проговори за настанот кој му го промени животот и кој можеше да заврши трагично.

Тој во 2000 година, кога имаше осум години, беше киднапиран од тогашниот Земунски клан. За да го ослободат, неговите родители морале да платат откуп од 2,5 милиони марки.

Тој вели дека неговите родители често му зборувале за тој настан и период кој бил болен за целото семејство.

Кога ќе излезете како победник од таква тешка ситуација тогаш сте многу посилен-вели Стефан.