Пет лица завршиле во болнца откако на едно момче не му успеал романтичниот план да си ја поврати бившата девојка со тоа што ќе подметне пожар во интернатот каде таа живее и ќе ги спасува станарите.
На отфрлениот љубовник од сибирскиот град Омск сега му се заканува пет години затвор заради подменување на пожар.
Несреќниот „Ромео“, кој бил пијан, раскажал во полицијата дека отишол во интернатот во кој живеела неговата бивша девојка, но не сакал да се соочи со неа плашејќи се дека ќе го одбие.
Наместо тоа, тој смислил план – да подметне пожар, а потоа да ги спасува станарите на зградата и да испадне херој во нејзините очи. Запалил оган, меѓутоа, кога тргнал да го гаси, увидел дека тоа е невозможно. Пламенот се раширил и станарите повикале пожарникари. Петмина се хоспитализирани заради труење со јаглерод моноксид, од кои две деца.
Comments are closed for this post.