Турската актерка Мерјем Узерли, која публиката ја памети од нејзината улога како Хурем во серијата “Сулејман Величенствениот“ отиде на концертот на Џенифер Лопез во Турција, каде се фотографираше со пејачката.
Иако нејзината фотографијата има 200 000 лајкови, таа има и многу критики од нејзините следбеници. Имаше лавина од негативни коментари на штета на изгледот на актерката, а нејзините следбеници не ја поштедија.
„Тотално си го уништивте лицето“, „Променете ја фризурата, што е со вас“, Џенифер , која е 15 години постара, изгледа подобро од вас“, се наведува во некои од злобните коментари.
Од друга страна, имаше и такви кои беа воодушевени од изгледот на двете взезди.
„Две убави звезди“, „Премногу убавина на една фотографија“, напишале задоволните фанови.
Comments are closed for this post.