Глумецот Арнолд Шварценегер во Лас Вегас го претстави заедно со глумицата Линда Хамилтон шестото продолжение од популарниот робот „Терминатор: Мрачна судбина“ во кој и двајцата глумат по 35 години од првиот филм.
„Многу сум среќен што одново се сретнавме. Целата екипа е повторно заедно“, изјавил 71 годишниот глумец на собирот на филмската екипа.
Новото продолжение на Терминатор треба да излезе во ноември 2019 година, а многумина од индустријата на филмот во САД тоа го сметаат за главен настан за оваа година.
Филмот го режира Тим Милер, но во продукција на Џејмс Камерон, креаторот на сагата за Терминатор кој влезе во историјата на кинематографијата.
Во шестиот дел од серијалот, Линда Хамилтон која сега има 62 години и понатаму ја глуми Сара Конор, која станува шеф на движењето за отпор на луѓето против роботите.
Првиот дел од акциониот и научнофантастичен филм снимен е во 1984 година, по сценарио и во режија на Џејмс Камерон, кој токму со овој филм се лансираше меѓу ѕвездите. Филмот е направен со мал буџет и чинел 6,4 милиони долари, но ширум светот заработил 78 милиони долари.
На Шварценегер тогаш му била втора значајна улога во кариерата по онаа каде го глумеше Конан Варваринот 1982 година.
Comments are closed for this post.