Пејачот Дино Мерлин на концертот во Белград пееше во бела кошула, на која имаше интересен детал. Тоа е цветот крин (лилјан) симбол на милосрдие и безусловна љубов, а се поврзува и со надеж и вера.
Кринот е веројатно единствениот цвет во светот кој комбинира кралско, достоинствено однесување, страстен, речиси опоен мирис, а сепак успева да ја задржи својата вродена нежност и невиност. Поради овие карактеристики, лилјаните отсекогаш се сметале за симбол на милосрдие и безусловна љубов. Со лијанот се поврзани и надежта, вербата, плодноста и раѓањето.
Comments are closed for this post.