“Татко ми почина од рак, па редовно се тестирав. Да не го правев тоа сега, немаше да покажам никакви симптоми една година. Никој од нас не треба да мисли дека сме неуништливи. Сите мислат дека нема да им се случи, но кога ќе се случи, тоа е страшен удар“, изјави неколку месеци пред смртта Синиша Михајловиќ, кој носел рана на душата бидејќи не бил со својот татко кога починал.
„Секој ден мислам на татко ми. Сакам тој да може да види како пораснале неговите внуци и правнуци. Кога станува збор за соништата, не сонувам да ја освојам Лигата на шампионите или Скудетото. Мој сон е неостварлив.Би сакал да го гушнам татко ми. Беше камионџија, почина на 69 години од рак на белите дробови.Кога умре јас не бев со него.За време на војната го молев да дојде кај мене во Италија , но сакаше да остане во својата земја“, изјави Миха
Comments are closed for this post.