Еден возач од Минесота, САД, доживеал голем шок кога на еден свиок на прометна улица налетал на испаднато детско седиште од автомобилот кој возел пред него. Шокот бил голем, зашто седиштето не било празно – во него се уште било детето врзано за седиштето.
Видеото е снимено од возачката табла и многу добро ја покажува целата драматична сцена, зашто станува збор за прометна улица, а детето излетало од задниот дел на автомобилот останувајќи на средина на улицата.
Возачот потоа излегол од својот автомобил и почнува драматично да мавта со рацете во намера да ги предупреди другите возачи да запрат на самото место. Тој успешно го зел детето, а потоа ја чекал мајката да заврти еден круг и да дојде до своето двегодишно дете. Таа не видела веднаш што и се случило, туку била свесна дека детето и го нема дури по 15 минути.
Полицијата дошла на местото околу 11.45 часот. Таа констатирала дека иако детето било прописно врзано за седиштето, сепак седиштето не било поврзано со сигурносните ремени.
По извршениот преглед било констатирано дека девојчето не претрпело никакви повреди.
И покрај тоа, властите побарале да се поднесат обвиненија за загрозување на детето и за некористење на системот за заштита на детето во автомобилот.
Comments are closed for this post.