Кејт Мос е еден од најуспешните топ модели во светот. Родена е на 16 јануари 1974 година во Лондон и наполни 45 години.

Мос стана позната во средината на 90-тите кога почна да снима за брендот „Келвин Клајн“, кој и го отвора патот кон статус на модна икона.

Во 2005 година, папараци ќе ја снимат како користи наркотици, по што модните куќи ќе почнат да ја бојкотираат, а многу од нив ќе ги раскинат договорите стравувајќи за сопствената репутација.

Мос ќе замине на лекување во специјална клиника и ќе успее да се извлече, по што одново ќе се врати на модните писти.