Утре на РТС почнува со емитување серијата „Клан“ инспирирана од животот во Србија во деведесеттите и почетокот на овој век. Првата епизода почнува со убиството на „Тигар“ во еден хотел во Белград , односно на Жељко Ражнатовиќ Аркан во хотелот „Интерконтинентал“ во 2000 година.

Тоа ќе ги размрда мафијашките кругови во Србија во ситуацијата кога го нема „најголемиот“. Парлално ќе го следиме патот на двајцата на почеток ситни криминалци Шок и Паша, кои во вистинскиот живот беа Шипар и Кум , водачите на Земунскиот клан.