Филмската критиката пред 30 години беше вџашена и воодушевена со „Декалог“, филмскиот серијал на култниот полски режисер Кшиштоф Кешловски. Почнувајќи од денес, 27 ноември, наредните десет вечери (20 часот), во кинотечното кино при Кинотеката на С. Македонија, публиката ќе има можност и самата да ги проследи десетте едночасовни стварувања реализирани во 1988, а базирани на Десетте Божји заповеди, кои оставија силен печат на филмската уметност.

“Филмската критика првенствено гледаше во него силна социјално критичка нота за сивиот соцреализам во Полска. Тие тонови беа присутни и во претходните негови остварувања, но потоа сфати дека никогаш претходно не беа толку интензивирани како во “Декалог“. Затоа “Декалог“ на Кешловски е естетски меѓник во светската кинематографија: можеби ќе изгледа претерано, но „Декалог“ е една од темелните норми на филмската естетика наменета за телевизискиот медиум од крајот на минатиот век, што денес е општоприфатено како формат на филмска серија на дигиталните платформи како Нетфликс“, посочува филмскиот критичар Стојан Синадинов во својот текст „Теофил(м)ските огледи на Кшиштоф Кешловски“…

„Декалог“ беше и еден од најзабележаните остварувања во европската кинематографија и пошироко на крајот на минатиот век. На почетокот бил замислен како проект на десет различни автори, но во интерес на продукцијата Кешловски ја презема режијата на сите десет епизоди, но и двата посебни долгометражни филма, „Краток  филм за убивањето“според Декалог 5 и „Краток филм за љубовта“ според Декалог 6). Тој ја започнал и претпродукцијата на долгометражната верзија на деветтата епизода – декалог 9 со намера да го сними „Краток филм за љубомората“, но заради исцрпеност никогаш не ја реализирал: тоа би бил дури 13 негов филм во периодот 1988-1989 година.

Кешловски во десет епизоди го компримира тој теофил(м)ски поглед на свет. Навидум ладнокрвниот убиец во „Декалог 5“ и краткиот филм за убивањето (епизодата од Декалог не ги содржи сите морничави сцени) е исплашен од смртната казна; сцените со подготовките за неговото бесење и самата егзекуција и ден денес се ненадминлива визуелна креација на Кешловски и кинематограферот Славомир Иџиак)…“, посочува меѓудругото Синадинов.