На Фејсбук се појави снимка од една црногорска раскрсница на која се гледа како семафорот виси над улицата, а само тенок кабел го спречува да падне врз некој минувач.

И покрај тоа што ситуацијата не е ни најмалку безбедна по сообраќајот, многумина се шегуваа во коментарите.

„Е, ова е семафор… се врти по тебе да ти покаже низ што си поминал“. „Семафорот се обесил заради непочитување“, „И државата ни виси на конец“, се дел од коментарите.