Американскиот актер, 39 годишниот Чанинг Татум со гола фотка ги воодушеви своите 17 милиони следбеници на Инстаграм.

Причината за ваквата фотографија на Инстаграм е дека  актерот изгубил кладба  од пејачката Џеси Џеј и бил принуден да ја  исполни оваа провокација.

“Ја загубив играта од  Џеси. Морав да објавам фотографија каква Џеси сака. Никогаш веќе нема да играм со неа, напиша Чанинг под фотографијата на која е гол под туш.

Фановите веднаш го пофалија актерот за неговото згодно  тело.