Еден мал дел од библиотеката на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, во која има неколку илјади книги од 20.век, ќе се продаваат на аукција.
Вкупно 683 книги со вредност од 450.000 евра ќе бидат ставени на продажба. Како наследник на неговата библиотека е назначен неговиот син Жилбер.
Поранешниот социјалистички претседател на својата листа на книги имал и десничари, се забележува во написите. Во библиотека на Митеран има и „десничарски“ автори, како на пример втората копија на Робер Бразијаковата ( “Comme le temps passe”) проценета на 5.000 – 8.000 евра.
„Франсоа Митеран беше вљубен во книгите. Ги сакаше луксузните изданија книгите. Беше познат по тоа што ги голташе полиците со книги. Тоа нбеше неговото бегство од политичката реалност во светот на литературата и прошетките во Латинскиот кварт. Тоа беше еден од најчуваните тајни на неговиот духовен аспект“, потсетува аукционерот Жан Батист деи Прогариан.
На продажба се и книги од Алберт Ками, оригинал на Маргарет Дира, Франсоа Морак, а книгите се уште поинтересни за колекционерите зашто имаат и посвети, па на кориците носат и други пораки освен содржината на книгите.
Аукцијата ќе се одржи во понеделник и во вторник.
Comments are closed for this post.