Организаторот на фестивалот Вудсток, Мајкл Ленг најави дека по повод 50-годишнината од рок настанот планира да пушти во продажба специјална серија марихуана.

Најпознатиот рок-фестивал во светот, што се одржа во август 1969 година во Вудсток, летово ќе го одбележи 50. роденден, исто така, со фестивал. Организаторите соопштија дека репризата на Вудсток ќе се одржи од 16 до 18 август 2019 година.

„Луѓето пред 50 години дојдоа во мир, инспирирани од промените во светот преку музиката. Како чувари на историското место, одлучивме да ја зачуваме богатата приказна и дух, и да ја научиме младата генерација позитивно да придонесува за општеството преку музика, култура и духот на заедништвото“, се наведува во соопштението на Уметничкиот центар Бетел Вудс.

Голем број од ѕвездите на Вудсток се починати, меѓу кои се Џенис Џоплин и Џими Хендрикс, но е предвидено на фестивалот да учествуваат Џоан Баез или групата Ху, којашто настапи и пред 50 години.

Фестивалот во Вудсток се одржа во август 1969 година, кога американското општество беше поделено поради војната во Виетнам.

На фестивалот се очекуваше да дојдат 50.000 луѓе, но дојдоа околу 500.000, поради што важи за еден од најпознатите во историјата.