За првпат од избувнувањето на скандалот со Јелена Карлеуша се огласи и нејзиниот наводен љубовник. Огнен објаснува дека му е преку глава од сево ова и дека нејзиниот сопруг, Душко знаел за аферата.

Никогаш не бев нејзин фан и никој не може така да ме претстави, Душко знаеше за нашата врска, но јас повеќе не сакам да бидам дел од оваа приказна. Доста ми е од се – вели Огнен.

Извор близок до Огнен открива дека тие почнале да комуницираат на Инстаграм, но набрзо си размениле и мобилни телефони.

Тогаш мразот дефинитивно бил пробиен, не можеле да се воздржат. Се гледале каде што можат и Огнен верувал дека таа ќе се разведе од Душко па затоа и тој и најавил на сопругата дека сака да се разделат.

Душко цело време знаел, но не му пречело бидејќи и тој имал љубовници. Односот меѓу Огнен и Јелена се променил кога Душко потпишал милионски договор во Кина и пејачката веќе не била заинтересирана да се разведе.