Советничкото мнозинство на чело со СДСМ на стартот на денешната седница на советот на Град Скопје го одби предлог-амандманот на советничката група од опозицијата која побара парите предвидени за новогодишната прослава да бидат пренаменети за хуманитарни цели.
Кординаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Светлана Колариќ, пред стартот на седница, го пренесе ставот на советниците од опозицијата кои сметаат дека средствата кои се обезбедени од спонзорите треба да бидат донирани за хуманитарни цели наместо да завршат на сметка на Дино Мерлин.
– На овој начин, ние советниците, ќе докажеме дека сумата која што е издвоена за новогодишната прослава, односно 260 илјади евра за новогодишно украсување е реалзирано, меѓутоа сумата од плус 100 илјади евра треба да заврши кај оние на кои најмногу им е потребно, рече Колариќ.
Comments are closed for this post.