На патиштата во источниот дел од државата утринава има слаби врнежи од дожд, додека на останатите патни правци сообраќајот се одвива тековно по претежно влажни коловози.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.