Филмскиот фестивал „Санденс“ овој месец им нуди на љубителите на филмската уметност да учествуваат во симулација во која ќе гледаат филмови од вселената.
Со децении филмскиот фестивал бил одржуван во Јута, САД, но годинава тој ќе има поинаков формат поради пандемијата. Фестивалот ќе биде одржан виртуелно, а со помош на компанијата за дигитални искуства „Актив Тиори“ оваа година ќе понуди виртуелни искуства за љубителите на филмот.
Во симулацијата на „Санденс“ гледачите ќе може да одберат аватар и да се движат во виртуелниот свет. Симулацијата ќе биде достапна преку обичен интернет-прелистувач, а оние што сакаат пореалистично искуство може да користат очила за виртуелна реалност.
Вселенското виртуелно искуство ќе биде активно за време на филмскиот фестивал, кој почнува на 28 јануари. Билетите за еден филм чинат 15 долари, а најевтините билети што нудат пристап до виртуелните искуства чинат 25 долари. Цената на билетите за сите виртуелни искуства и филмски премиери изнесува 350 долари.
Comments are closed for this post.