Иако задоцнија некој ден да ја понесат титулата компанија која прва во светот го претстави свитлив телефон, Самсунг на големо го претстави она што се смета за иднина – уред кој можете да го ставите во џеб, а кој ви дава иста прегледност како таблет.

Корејската компанија на годишната конференција во Сан Франциско го претстави долго очекуваниот „Инфинити Флекс“, свитлив телефон кој има дијагонала од 7,3 инчи, односно 18,5 цм. Уредот се свиткува на половина а може да се користи целата површина на тач-скринот.

Како што се чини, претставниците на медиумите се уште не можат да го пробаат а од Самсунг соопштија дека телефонот ќе биде спремен за продажба за неколку месеци.