Вљубеници на автомобилите во Русија решиле да направат експеримент за издржливоста на возилата. За таа цел тие закопале под земја четири исправни автомобили и тоа, Тојота, Лада, Опел Корса и Ауди 100. На автобилите им ги извадиле само акумулаторите.

По една година ги откопале за да видат што ќе се случи. Ги исчистиле  и наместиле акумулаторите и само Тојотата и Ладата запалиле без никаков проблем. Германските возила никако да мрдат и покрај тоа што важат за едни од најиздржливите.

Погледнете го овој експеримент.