Втората најголема држава во светот е Канада, таа е една и од најурбанизираните држави. Сепак, никој од нејзините граѓани нема право да поседува земја. Таа е во сопственост на британската кралица Елизабета Втора, која е поглавар на државата.

Законите во поголемиот дел провинции еволуирале од британското право, така што наместо директно да поседува земја, Канаѓаните имаат право на закуп. Тоа значи дека може да имаат само сопствеништво над имотот.

Само 9,7 отсто од земјата е во приватно сопствеништво, додека остатокот е во „рацете“ на Круната. Во име на круната управуваат различни агенции и оделенија на владата на Канада.

Од земјата која е во сопственост на кралицата, со 50 отсто управува покраинската влада, а остатокот сојузната влада. Целата земја е претставена како јавна и главно се користи како национален парк, шума, приватен дом или за земјоделие.

Во Канада, според последниот попис живеат 37 милиони луѓе.