Единаесет орки и 87 белуги ќе бидат ослободени од тесен ограден простор во градот Нахотка во Јапонското море, каде чекале да бидат продадени на кинески купувачи.

Кога фотографии од китовите на рускиот далечен исток за прв пат се појавија минатата година предизвикаа вистинска лавина од критики, заради нехуманите услови во кои животните се држени, како и крајните намери со нив.

На критиките реагираше и официјален Кремљ, од каде им е наредено на локалните власти да пронајдат начин китовите да бидат ослободени.

После неколку месечно одлагање, животните конечно се ослободени во време на посета на францускиот океанограф Жан-Мишел Кусто, син на познатиот поморски официр, истражувач и конзервационист Жак Кусто.

„Одлучено е животните да се пуштат во дивина. Руските научници и стручњаци од тимот на Кусто одлучиле на кој начин е најдобро да бидат ослободени, изјавил за агенцијата Тас, Олег Кожемајко, гувернер Приморска покраина.

Кремљ претходно соопштија дека животните се држени во сурови услови, а планирано е да бидат продадени на кинески купувачи, кои би ги држеле во аквариуми.