Свети архангел Гаврил е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога“. Неговото име Гаврил значи маж Бог.

Зборувајќи за Благовештение, Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.