Светската музичка ѕвезда Ерос Рамацоти вечерва во 20 часот ќе одржи концерт во А1 Арена во Скопје.

Рамацоти пристигна вчера во Скопје со комплетно своја продуцкија (звук, светло и видео).

Скопскиот концерт е во рамки на неговата турнеја што почна во февруари годинава, ги опфаќа сите континетни, и го промовира најновиот студиски албум „Vita ce n’e“ што ќе излезе на 23 ноември годинава.

Билетите за концертот може да се набават во музичката продавница на „Авалон продукција“ или онлајн